700 полицајци трагаат по напаѓачот од Стразбур – објавена негова фотографија


Објавена првата фотографија на терористот од Шериф Чекат која вчера во Стразбур уби 3 а рани уште 12 лица.

Портпаролот на француската Влада истакнал дека не е битно дали Шериф ќе биде пронајден жив или мртов, туку е значајно што побрзо да биде пронајден.

Стотини полицајци ја пребаруваат источна Франција во потрагата по бегалецот кој е осомничен за нападот на Божиќниот базар во Стразбур, кога се убиени три минувачи и ранети 12 лица, од кои шест се во тешка состојба.

И германската полиција е во лов на браќата на Шериф, Чекат и Самиј, со што и се приклучија на операцијата на француската полиција, која веќе приведе четири членови од семејството на осомничениот терорист.

Франција го подигна степенот на безбедност на највисоко ниво , а полицијата го објави и портрет на бегалецот Шериф Чекат,кој уште претходно бил на листата за посматрање како потенцијално опасна личност.

Во потрагата по 29 годишниот терорист кој „додека бил во затвор ги развил радикалните ставови“ се вклучени околу 700 полицајци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1