Лазаров: Сакавме да се штедиме, но се изморивме дупло


Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров, по мечот кој Макеоднија тешко го доби против Чиле со 30:28 и разочара со играта, рече дека одиграле срамно, но најважно е што победивме, пренесува Сител.

kire-lazarov– Ако не сме 100% на теренот, не можеме да ја победиме и најслаба екипа. Тоа се случи денеска. Сакавме да се штедиме, но испадна дека се изморивме дупло. Ова е уште една лекција за нас.

Најважно е што победивме тука два бода се два бода. Ова ни е најлошиот натпревар одигран во последниот период, рече Лазаров, пренесува Сител.

Тој изрази благодарност до навивачите кои минаа толкав пат за да ги бодрат. Капитенот во премиерниот меч постигна 8 погодоци.

Извор – Курир

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1