ЛАЖЕН НОВИНАР ПРЕДИЗВИКАЛ ИНЦИДЕНТ ВО ОПШТИНА КАРПОШ


Роднина на советник од СДСМ, кој лажно се претставил како новинар, го предизвикал инцидентот на седницата во Карпош, тврдат од општината, по вчерашните изјави на опозицијата дека, откако остро се спротиставиле на новото задолжување од 2,5 милиони  евра, биле насилно влечени, туркани, навредувани и спречени да зборуваат од говорницата. Претседателот на Советот на општина Карпош вели дека се случило токму спротивното, односно дека се` било во режија на Социјалдемократите, кои застанале во одбрана на лажниот новинар, кога бил разоткриен. stevce karpos1

Претседателот на Советот на општина Карпош , Сашо Лазаревски вели дека дотогаш седницата течела нормално, советниците од СДСМ се пријавувале за дискусија и по пет пати, што е и спротивно на деловникот, но им било дозволено. Укажува дека седниците се јавни и секој граѓанин ако сака, може да ги проследи, но лажното претставување е кривично дело.

Поради овие субјективни толкувања на инцидентот, во општината веќе е формирана  комисија  која ќе треба да испита што точно се случило.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1