Лажна вест за Малезискиот авион се шири на интернет – внимавајте, тоа е хакерски напад!


Видео со наслов „Малезискиот авион најден во море-50 преживеани“ во последниве 3 дена молскавично се шири насекаде во светот преку социјалните мрежи Твитер и Фејсбук.

avion malezijaБлогерите предупредуваат да не кликате ниту еден линк со слична содржина, а за фотографиите објаснуваат дека се од несреќата на авионот на Lion Air, во април 2013, близу Бали.

Голем број Фејсбук корисници наседнале на шокантниот наслов, но всушност сите забележале дека од нив било побарано да пополнат прашалник кој наликувал на барање на Фејсбук за дозвола за користење на вашите податоци. Измамата е направена од маркетинг спамери кои наплаќаат за сите кликнувања на интернет-анкети.

Слична ваква вест прво била објавена од CBSNews.com но поради злоупотребата, веста од нивниот сајт е одстранета.

Socialnet.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1