Лебот на Жито Лукс поскап за еден денар


Дел од пекарите повторно го поскапеа лебот за еден денар. Ова во рок од три месеци е второ покачување на цената. Во јуни дел од пекарите го поскапеа лебот за по еден денар, а од пред два дена граѓаните плаќаат нова, за денар поскапа векна леб од Жито Лукс. Од компаниајта велат дека не се работи за покачување.

„Земајќи ги предвид движењата на пазарот, понекогаш се јавува потреба за балансирање со цените. Оваа промена на цената произлегува од такво балансирање, кое некогаш е намалување, а некогаш зголемување на цената на лебот. Поради осетливоста на прашањето за цената на лебот, како компанија донесовме одлука да ја зголемиме цената на лебот само за еден денар. И понатаму ќе ги применуваме највисоките стандарди во производството на леб создавајќи нови иновативни производи.“ се вели во соопштението на Жито Лукс, кој е еден од најголемите производители на леб во Скопје.leb2
Засега, поскапувањето на лебот, иако е основна намирница која ја купува секое семејство во државава, не се одразува на зголемувањето на вкупната инфлација. Според податоците на Народната банка на Македонија и на Државниот завод за статистика инфлација нема. Односно таа е под проекциите на НБРМ и во моментов е – 0,5 отсто или има пад на цените во споредба со лани. За овој пад на цените најголем придонес имаат пониските цени на енергијата. Иако засега нема опасност за поголема инфлација, од НБРМ велат дека присутни се и нагорни ризици околу цените на енергијата и храната.

„Овие ризици се поврзани со геополитичките тензии во Ирак, конфликтот во Украина, како и евентуалните ефекти од поплавите во регионот“, велат од Народната банка.

И од министерството за земјоделство велат дека иако годинава квалитетето на житото е исклучително лош, годинава нема опсаснот од недостаток од оваа земјоделска култура, што би можело да влијае врз зголемување на цената на лебот.

„Лебно жито има во доволни количини. А годинава нема да има условен увоз на жито, односно компаниите нема да мораат да го откупат домашното, па да увезат лебно зрно од странство. Со еден збор домашното ќе се меша со увезено жито за да се добие квалитетно брашно“, велат од министерството за земјоделство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1