Пред десетина луѓе прогласена „Илирида“, главен град ќе и биде Скопје


Првиот претседател на Партијата за демократски просперитет (ПДП), Невзат Халили, заедно со десетици граѓани, вчера на плоштадот „Скендер-бег“ ја прогласи т.н. република Илирида, чиј главен град, како што рече, ќе биде Скопје, пренесува Утрински весник.

f110-1728x800_c

Тој рече дека барањето е Македонија да функционира како држава со две еднакви републики по примерот на поранешната федерација меѓу Србија и Црна Гора.

Халили, кој втор пат ја прогласува „Илирида“ рече дека овој чекор е неопходен, бидејќи Рамковниот договор не ги исполнил своите цели. Границите нема да се менуваат, а република Илирида треба да се протега во сите градови каде што живеат Албанците, почнувајќи од Струга, па се до Куманово.

Како и што се очекуваше, прогласувањето на Илирида помина без сериозна поддршка меѓу граѓаните Албанци и албанските партии.

ilirida-500

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1