Поранешниот германски фудбалер Штефан Клем починал од мозочен удар кој бил предизвикан со полевање со студена вода.
Клем (48), кој во младоста играл фудбал во пониските германски лиги, во крајот на август се приклучил на студениот предизвик и се полеал со студена вода.
Тој се полеал со четири канти студена вода со цел собирање донации за лечење на болеста АЛС.
Потоа со денови се жалел дека не се чувстува добро.
– Штефан се жалеше на болки во вратот и во грбот. Не бевме загрижени, бидејчи тој често работи на компјутер – коментираа неговите пријатели.
Штефан бил пронајден мртов во неговата канцеларија и по обдукцијата се утврдило дека доживеал мозочен удар, а причината била полевање со студена вода.