Легализација на марихуаната во Србија


Српската министерка за здравство Славица Ѓукиќ Дејановиќ изјави дека легализацијата на марихуаната во медицински цели не значи легализација на дрога, туку можност експертите со веродостојни методи да одредат дали таа во некои околности кај одделни пациенти може да има својство на лек, јави Танјуг.

marihuana2– Секоја супстанца може да биде и лек и отров. Експертите врз основа на прецизни методи утврдуваат што е лек, која доза може да се даде на пациентот, на кој смее да се даде, рече Дејановиќ.

Таа додаде дека веќе постојат слични ситуации, дека е познато дека постои морфиумска зависност, но дека морфиумот се користи и како лек бидејќи ја ублажува болката и доведува до подобра духовна состојба на многу тешко болни пациенти.

Во Србија илјадници граѓани потпишаа петиции за легализација на марихуаната во медицински цели.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1