Човек магнет живее во Босна (Фото)


Мухибија Буљубашиќ (56) од Сребреник кај Тузла е човек магнет. Неговото тело привлекува разни предмети, некои тешки и по 25 килограми. Освен метал, на своето тело може да постави и предмети од керамика, пластика, мобилни телефони и далечински управувачи.

covek_magnet-480x319Својата моќа ја открил случајно минувајќи покрај ТВ екранот. Прво се слушало слабо пукање, потоа кожата му се напнувала, а кај старите телевизори се расипувала сликата.

По занимање е автолимар и цел живот работи со метали, па верува дека примил некаква способност од железото, но се чуди што на телото може да стави и предмети од пластика и керамика.

Лекарот му советувал да се оддалечи од мaгнетното поле и да се сокрие дома кога има грмотевици.

covek-magnet

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1