Легендата излезе точна – пронајден список со богатството на Соломон


Целото богатство на кралот Соломан, меѓу кое е и легендарниот Заветен ковчег, се наведени во текстот кој е преведен на хебрејски. Сепак локацијата на овој митски предмет не е откриена.

Kralj-Solomon-Jerusalim-600x436Текстот го превел професорот Џејмс Давил, од Универзитетот Сент Ендрјуз. Тој вели, според она што пишува, сите тие предмети, меѓу кои и заветниот ковчег, се инструменти од злато и украси од рајски врт и се раштркани низ просторот на целиот Блиски исток. „Во текстот се наведени 77 златни плочи направени од злато од рајскиот врт на кој се прикажани со Соломон. Наводно сјаеле како Месечина и Сонце. Тоа било религиски камења, дури 46.000 парчиња.

Сепак во самиот Заветен ковчег нема многу детали. За местото каде се наоѓа единствено имаме податоци од гледањето на филмот „Индијана Џонс и киднаперите на изгубениот ковчег“, вели професорот Давил. Сепак додава дека текстот им дава нов поглед на верувањата за Евреите во средниот век. Во овој текст кој настанал во 15 век, а е препишан во 1684 година во Амстердам, можно е да се сознаат многу работи за тоа што пишува во Библијата, а што не влегло во официјалното толкување на Светото писмо“, објаснува Давил.

Како што додава делот од благото е изгубен на просторот Израел и Вавилон, додека другиот дел го собрале архангел Михајло и архангел Гаврило. Според легендата, Заветниот ковчег е направен пред скоро 3000 години и во него се чуваат плочи од десетте божји заповеди на Мојсеј.

Наводно тие се чувани во храмот на кралот Соломан, но храмот во 597 и 586 година пред новата ера го уништиле Вавилонците. Од тогаш за овој ковчег не се знае ништо. „Авторот препиша повеќе легенди и многу од нив се контрадикторни една со друга“, вели професорот Давил.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1