Легендата за убавата Дојрана – Како Дојран го добил името


Прва легенда:

dojrana1Во градот имало една убава мома што се викала Дојрана. Таа била заљубена во овчарчето Лабин. Еден ден на сред град се виело оро каде биле собрани сите моми и ергени. Тука била и Дојрана со Лабин. Во тој момент доаѓа Џемо-арамбашата, кој откако ја здогледал убавата Дојрана, ја грабнува, а Лабин тешко го ранува со сабјата. Дојрана од големата лутина и омраза кон Џемо скокнала од коњот на Џемо и се стрчала накај Лабин. Иако ранет, таа успева да го довлечка до езерските води и за да не бидат заробени од Џемо, се дават во езерото. Од тој трагичен настан, езерото според легендата се нарекува по името на Дојрана, Дојранско Езеро, а градот го добил името Дојран.

Според горезапишаната легенда и големиот македонски композитор Трајко Прокопиев го напишал балетот „Лабин и Дојрана“. Овој балет за првпат е изведен во сезоната 1957/58 година.

Втора легенда:

Во градот Полин имало една многу убава девојка што се викала Дојрана. Била висока црноока, со витка става. Дојрана со своите другарки секоја вечер доаѓала на чешмата која се наоѓала во пространата долина источно од градот.

dojrana4Една вечер кога Дојрана отишла по вода со своите другарки, кај чешмата дошол и нејзиниот мерак, убавиот Лабин. Додека Дојрана и Лабин си збореле за нивните љубовни чувства, другарките на Дојрана ги наполниле бардињата и ѓумовите со ладна вода и тргнале накај дома. Дојрана и Лабин останале сами.

Се задржале подолго време. Кога увиделе дека другарките си заминале и ја оставиле сама, многу се збунила па затоа на брзина ги наполнила со вода своите бардиња и побрзала да ги стигне другарките. Било ноќ и ѝ било страв да си оди дома сама. Во тоа брзање да ги стигне своите другарки ја заборавила чешмата отворена. Големата количина вода од чешмата течела цела ноќ па другиот ден народот со чудење гледал дека целата долина е исполнета со вода и наместо убаво тревно поле, настанало езеро. Бидејќи Полјанци дознале дека Дојрана ја заборавила чешмата да тече цела ноќ, односно таа е виновникот што настанало езерото, по нејзиното име го нарекле Дојранско Езеро, а градот го нарекле исто така по нејзиното име Дојран.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1