Легнал да спие или ве лаже – со овој изум ќе знаете точно (Видео)


Со овој интересен концепт за перница, не само што ќе знаете точно кога вашиот партнер ја ставил главата врз перница, туку и ќе го слушате ритамот на неговото срце.

Секој од партнерите има посебно дизајнирана перница и двајцата носат по еден безжичен прстен кој има сензор. Кога едната половина од парот ќе си легне во кревет, перницата кај другиот партнер почнува нежно да свети, што му дава знак дека е време да си легнат „заедно“.

1-sovrshena-pernica-za-zaljubenite-parovi-koi-ne-zhiveat-zaedno-www.kafepauza.mk_

2-sovrshena-pernica-za-zaljubenite-parovi-koi-ne-zhiveat-zaedno-www.kafepauza.mk_Кога и вториот партнер ќе си легне на осветлената перница, двајцата ќе почнат да го слушаат биењето на срцето на својот љубен/а во реално време и ќе се почувствуваат блиско, наспроти нивната физичка оддалеченост.

Концептот „Pillow Talk“ е развиен од страна на Џоана Монтгомери во 2010 година и таа оттогаш добила неколку награди за иновација, па поради големата популарност на производот, успеала да ги собере потребните финансиски средства преку сервисот за донации Kickstarter, за да може да ја отвори својата фирма „Little Riot“ и да започне со производство на прототипот на оваа перница.

КафеПауза.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1