кејт-8-Инстант спрејот за самопотемнување „Сен Тропе“, кој во продавниците и на онлајн продажба се најде пред неколку недели, и кој беше најавен со спектакуларната кампања со Кејт Мос, повлечен е од продажба поради безбедносни причини.

Извештајот на организацијата „Британски бренд“ укажува дека неговата употреба предизвикува проблеми со дишните органи.

Кејт Мос, која кампањата за ова козметичко средство ја изработи многу внимателно и посветено, за овој производ го изјави следното: „Сен Тропе е самоуверен бренд и луѓето тоа го знаат. Спрејот дава природен изглед на кожата. Луѓето тоа го сакаат, а со спрејот лесно го добиваат, а не одбивната, вештачка портокалова боја“. А сега погледнете колку се потрудила!