ii-10-45 годишната Ким имала голем мотив да ја намали тежината.

Таа не одела на свадби плашејќи се да не го засрами своето семејство, никогаш не одела на прослави, а ако требало да преспие во друга куќа спиела на подот во страв да не го скрши креветот.

Во кино не можела да помисли да оди – не ја собирале столчињата. Се движела со помош на стап.

Но кога ја прпуштила училишната церемонија на која бил награден нејзиниот син од страв да не го скрши столчето,  решила да го промени својот живот. За 3 години изгубила 100 килограми, на тој начин што еден обилен оброк во денот, го делела на три помали.

– Изгубив толку прекрасни моменти со семејството кои никогаш нема да се вратат, но решена сум да надоместам колку што можам – вели охрабрената Британка.

Пред диетата, Ким јадела само еднаш во денот – навечер. Но јадела огромни количества на храна. Денеска јаде три пати во денот но помалку и здраво подготвена храна. Пред 3 години Ким имала проблеми со висок притисок, одвај дишела и имала болки во грбот и нозете. Сега се е поинаку.

– Мојот сопруг се жали дека мојата нова линија го чини пари – порано имав 4 рала чевли, сега имам 40. Порано носев само црно, сега имам облека во сите бои – вели Ким.

– Не знаев колку сум била несреќна додека не станав среќна како што сум сега – вели таа.

article-2502532-195CDFEC00000578-348_634x755