Лејкерси за прв пат сезонаа врзаа две победи


Kobe Bryant, Spencer Hawes

Благодарение на разиграниот Коби Брајант кој постигна 34 поени, Лејкерси славеа над Филаделфија со 111:98. Со оглед на тоа како играат Лејкерси сезонава, две врзани победи за нив е навистина голем успех.

Покрај предводникот Коби Брајант кој постигна 34 поени се истакнаа и Мета Ворлд Пис со 19 поени и 16 скокови и Двајт Хауард со 17 поени и 11 скокови. Кај домаќините најефикасен беше Ник Јанг со 30 поени, а Еван тарнер и Спенсер Хос додадоа по 16 поени. Битно е да се истакне дека домаќините играа без Ендру Бајнам и Џру Холидеј, додека пак кај Лејкерси отсуствуваа Пау Гасол и Стив Неш.

Во Портланд дебитантот Демиан Лилиард беше јунак на вечерта, погодувајќи тројка во последната секунда, при резултат 92:92 против Њу Орлеанс кои го врзаа шестиот пораз во низа.

Резултати:

Торонто – Хјустон 103:96
Филаделфија – Л.А. Лејкерс 98:111
Портланд – Њу Орлеанс 95:94
Сакраменто – Денвер 97:122

Перица Гиевски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1