Лекар лечи рак, сида и други болести само со древни рецепти запишани во библијата


Доктор кој лечи заболувања како рак, сида и сите останати болести тврди дека користи стародревни рецепти од Библијата.
Доктор Ричард Шултз станал светски познат доктор со примена на древните и едноставни техники на лечење, кои уште пред 3500 години се запишани во Библијата.

„Добивам писма од целиот свет и луѓето се задоволни со примената на едноставните техники за лечење кои ги опишувам во мојата книга и на видео материјалите. Јас не сакам да го кријам моето знаење. Во книгата детално има објаснето така што секој може да оздрави доста брзо и во домашни услови, а јас да не бидам присутен. Во прашање се едноставни техники за чистење на организмот, а оние кои се малку повредни, можат сами да си создадат препарати од билки, облоги, тинктури влошки и др. Ги има сите рецепти и обајснувања.

bible-lijek-piluleОвој доктор тврди дека не постојат неизлечиви болести. Овој доктор исто така тврди дека некои луѓе кои што не се опоравуваат од нивните болести се оние кои што не сакаат да ги променат нивните лоши навики. Верувале или не, овој доктор како основа на својата медицинска дејност користи антички принципи за хигиена и за лекување, кои биле напишани пред илјадници години во Библијата.
Според него главните причини на болеста се несоодветните живеалишта, нездравата исхрана и пропуштената цел во животот. Човекот бил создаден да живее во природата, да се занимава со физичка работа, да се храни со свежи билки и да ужива во амбиентот на своето семејство.

Современиот човек избрал да живее надвор од природата, во загадени градови, без физичка активност, да се храни со преработена и отровна храна, која во голема мера е од животинско потекло, а главната цел му е трчање по пари, со кои ќе купи отров кој го уништува неговото здравје и неговиот живот. Во таквиот живот човекот нема пријатели и затоа што живее целосно неприродно, логично е да заболува од депресија, која всушност претставува предупредување на телото.

Најтежок облик на болест е кога човекот ќе пропадне духовно и ќе посака да умре.

Во селата луѓето не страдаат од депресија, таму тешко дека ќе пронајдете човек кој е депресивен, затоа што тие се физички активни. Но постојат други болести, затоа што луѓето во руралните области не конзумираат брза храна, туку пушат тутун, пијат алкохол, се нервираат поради разни работи, а поради тоа што животот во природата е искомпромитиран, од страна на медиумите и составот на образование, тогаш селата се напуштаат, а оние кои остануваат да живеат во природа немаат со кого да создадат семејство.

drschulzePlusFlowersХидротерапијата е моќна техника но не е доволна. Првиот чекор во лекувањето на болеста е чистењето. Телото треба да се прочисти од токсините за да може да оздрави. Главниот загадувач најчесто е дебелото црево. Некои од пациентите кои ги имав и кои се жалеа на главоболка, повеќе од седум години, откако го прочистија дебелото црево, болката веднаш исчезна.
Само затворот може да биде причина за главоболка.
Потоа се чистат другите органи, црниот дроб, кој е главен филтер на телото, жолчната кеса, бубрезите, мочниот меур и друго.
Најсоодветна техника за прочистување на телото се растенијата во дивината и нивната конзумација. Јаболките сливите, чаеви од билки, мечкино грозје се најдобрите решенија за прочистување на организмот. Може да се користат и сокови од портокал и лимон во мешавина со маслиново масло. Тоа е одличен начин за исфрлање на каменчиња.

Човекот по својата анатомија е конзумент на билки и растенија. Самото готвење, печење и пржење на ваквите состојки, ги уништуваат хранливите материи во нив.
За оние со сериозно нарушено здравје препорачливо е да пијат природни сокови. Првите 30 дена да се конзумира исклучиво негазиран сок, односно природни сокови и природна вода. Тоа ќе претставува инфузија на организмот. На овој начин дигестивниот систем ќе работи ефикасно. Со тоа се добива заштеда на енергија на имунолошкиот систем и другит механизми кои водат кон исцелување, а телото ги добива сите хранливи материи.

Holly Bible 1 1024x768Потоа се преминува на растителна храна. Омилената храна на Шултз е лукот и топлата црвена пиперка. Лукот е најмоќниот природен антибиотик и е дел од било кој медицински третман.
Биберот исто така ја подобрува циркулацијата на крвта. Што се однесува до потешките заболувања, како што е сидата, некои од пациентите кои што ги имал Шултз, по седумдневна терапија, резултатите биле веднаш видливи. Што се однесува пак до заболувањата како ракот, срцевите заболувања, шеќерната болест, Паркинсовата болест, доколку пациентот е дисциплиниран и ги практикува советите, процесот на лекување е видлив.
Доколку пациентите се опкружени со негативни луѓе кои го обесхрабруваат нивното однесување, тогаш и тоа може да стане главен проблем при нивното заболување. Важно е и да не се размислува за лошите работи од минатото. Во неговата книга се наведени едноставни и антички техники кои луѓето ги користеле со векови.

Линк до книгата 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1