Проклетството на Бин Ладен: Од 25 фоки, 23 мртви! (ВИДЕО)


Денес, две години по убиството на Осама Бин Ладен, од 25 припадници на специјалната единица фоки, која учествуваше во операцијата за убиството на терористот, во несреќи една по друга животот го загубиле 23, а живи се само двајца.

bin-ladenСамо три месеци по акцијата животот го губат 17 припадници од 25, колку што вкупно биле во познатиот „Тим сикс“. Денеска, по две години во инциденти кои уследиле, бројот на мртви се искачи на 23 и тоа буди сомнеж кај семејствата и роднините на загинатите, кои се обратиле до Конгресот.

Вашингтон тајмс потсетува како администрацијата на Обама и воената команда на САД се нашле на удар на тешки обвинувања, бидејќи не биле во состојба да спроведат професионална и комплетна истрага за тој инцидент. Семејствата на крајот се обратиле до Конгресот, бидејќи веруваат, дека станува збор за „заташкување на целиот случај“.

– Не е спроведена детална истрага и срамота е родителите да бидат тие кои од Конгресот ќе бараат да се обелодени вистината, вели Даг Хамбургер.

Имено, по три месеци од смртта на Бин Ладен, доаѓа до инцидент со хеликоптер во источен Авганистан, а по неполни две години остатокот од тимот загинува за време на рутинска падобранска вежба во Аризона. Клучните лица кои учествувале во фаќањето на Бин Ладен не се веќе во можност да зборуваат. Случајот е затворен.

abotaad-binladen-1369563206-315903Семејствата на загинатите командоси за падот на хеликоптерот на американската војска во источен Авганистан во 2011. година, го обвинуваат Вашингтон за атентат и прикривање на вистината. Во статија од 9. мај 2013, Вашингтон тајмс пишува „како семејствата на загинатите сметаат дека за падот на хеликоптерот и смртта на 38 членови на екипажот во кој биле и 17 припадници на познатиот „Тим сикс“, е одговорна Белата куќа“.

Како што пренесува ПрессТВ, талибанските борци навреме добиле детални информации, кои им биле потребни за да го соборат хеликоптерот во кој биле фоките од „Тим сикс“.

Osama-bin-Laden-007

„Убиените војници на местото на кое требало да слетаат биле транспортирани со стар хеликоптер од виетнамската војна, наместо хеликоптер кој обично го користат специјалните единици и кој има непробојни делови, како и систем за одбрана“, додава ПрессТВ.

Семејствата на убиените сакаат да знаат и зошто во последниот момент, неколку минути пред полетувањето, заменети се седум припадници на специјалната единица, која со хеликоптер CH-47 требало да биде префрлена на договореното место.

Да биде уште почудно, уште шест припадници на „Тим сикс“ загинаа на крајот на месец март годинава и тоа „за време на рутинска вежба во воената база Пинал Ерпарк во Аризона“, пренесе Си-Ен-Ен.

US Navy Seal Commander Job W Price

Пол Робертс, поранешен советник на Роналд Реган, изјави дека „Пакистанците ја предупредиле американската војска дека акцијата би можела лошо да заврши“. Не погрешиле. Имено, еден од трите хеликоптери кои учествувале во нападот на комплексот во кој престојувал Бин Ладен експлодирал за време на слетувањето. Меѓутоа, Робертс тврди „дека останатите два хеликоптери никогаш не се приземјиле и како што тврдат сведоците, одлетале од местото веднаш по експлозијата“. Прилично нејасните околности на нападот кои упатуваат на размислување што навистина се случувало во Аботабад.

Дали фоките навистина се елиминирани, со цел да не се дознае вистината за контраверзната операција во Пакистан или се работи за случајност, тешко е да се каже?

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1