Почина девојчето кое го расплака светот со својата листа на желби


Почина Британката Стефани Најт (21), која боледувала од редок облик на тумор таканаречен Евингов сарком. Веста ја потврдила нејзната мајка, која ваквата информација ја објавила на Фејсбук.

stefani2stefani1Стефани ги допре срцата на луѓето ширум светот на својот пат, исполнет со последната желба меѓу која и запознавањето на Гери Барлов. Стефани со туморот на коските се борела 17 години.

На Нова Година дознале дека нејзината состојба била трајна, а шансите за нејзино лечење биле минимални. Но, не се препуштила на очајот, туку направила попис на сите свои желби кои сака да ги оствари пред смртта. И на нив интезивно работела.

На листата се нашле секакви работи, од дружење со пријатели, до одмор со најблиските на некои светските плажи. По објавувањето на нејзината приказна во британските медиуми, на крајот на јануари, се јавија многу луѓе кои сакале да и помогнат во остварувањето на нејзините планови. Ги исполнила повеќе отколку што очекувала.
„Навистина ваквите пораки ме допреа. Некогаш се плашам да се насмеам, затоа што знам дека ќе се расплачам од среќа“, изјавила Стефани.

Во дневната соба и пеел Гери Барлоу, а заедно и пиеле чај. Контактирале и со Роби Вилијамс, потоа војвотката од Јорк, која и испратила и фотографија од Грчка.
Се запознала и со екипата на Тотенхем, а вечерта ја поминала со запознавање на некои ВИП ѕвезди кои ја частеле коктели.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1