Италијанската полиција и обвинителството утврдија дека фармацевтската индустрија и одредени лица од здравството, во неадресирани и безначајни писма, од континент на континент испраќаат вируси, како што е птичјиот грип, заработувајќи на тој начин голема сума на пари.
Скандалозната вест дека вирусите намерно се пренесуваат од еден на друг континент, со што се прекршуваат сите безбедносни стандарди, го заобиколи светот. Италијанската полиција веќе некое време го истражува бизнисот, во кој координирано соработуваат фармацевтската индустрија и одредени лица од здравството, обезбедувајќи си на тој начин голема заработувачка, пишува италијанскиот „Л’Еспрессо“.
Американците пред повеќе од 10 години ги пронајдоа првите докази кога фатија човек кој во САД увезуваше вирус од Саудиска Арабија.
Потоа и поранешниот италијанскиот менаџер на Мериал, Паоло Кандоли призна дека во 1999 година со ДХЛ пошта испраќал вирус на птичји грип во Италија. Интересно е што токму во северниот дел на Италија се разгоре најголемата епидемија на птичји грип во живинарските фарми во Европа и на Запад воопшто.
Се работеше за вирусот H7N3 односно токму оној кој Кандоли го испраќал. Епидемијата поттикна инвестиции во истражувањата и голема потрошувачка на вакцини.
Опсежната истрага ги доведе до светски познатиот вирусолог Иларија Капу и Марија Монти, застапничка во италијанскиот Парламент од Граѓанската листа.