Лекарите и кажале дека има рак – и давале и хемотерапија – дијагнозата излегла погрешна


На една жена докторите и соопштиле дека има доста опасен облик на рак, па дури и веднаш започнале да и даваат терапија, за потоа да се испостави дека дијагнозата е целосно погрешна!

chemotherapy_0Се се случувало во Клиничкиот болнички центар (КБЦ) Ѕвездара во Белград во Србија. Медиумите сега јавуваат дека Здравствената инспекција на Министерството за здравство на Србија извршила надзор во КБЦ Клиничкиот болнички центар во Белград, за да утврдат дали имало пропуст при лечењето на седумдесет и тригодишната Зора Шпорчиќ од Белград.

Од Министерството за здравство е соопштено дека инспекторите ја прегледале целата медицинска документација и разговарале со сите здравствени работници кои биле вклучени во нејзиното лечење, а резултатите од надзорот ќе бидат познати до крајот на неделата. Како што пренесуваат поедини медиуми, Шпорчиќ примила две хемотерапии, затоа што КБЦ Звездара, на основа на лабораториската анализа, заклучила дека боледува од рак на лимфните жлезди. Додатната анализа на паталогот покажала дека жената нема рак, по што е укината хемотерапијата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1