Лекарите не знаат дали Шумахер ќе се разбуди од кома


Лекарите соопштија дека не можат да тврдат дали Михаел Шумахер ќе се опорави по тешката повреда и дали ќе се разбуди од кома.

sumi-pres-500-Шумахер е хоспитализиран со сериозни повреди на мозокот и е во кома. Веднаш е опериран по првото снимање на главата. Во моментов не можеме ништо да кажеме за неговата иднина, односно дали и кога ќе се разбуди од кома, велат лекарите кои се грижат за Шумахер на денешната вонредна прес-конференција.

Шумахер во моментов е во кома и е во критична состојба. Лекарите ги демантираат пишувањата на дел од медиумите дека е направена втора операција и додаваат дека не планираат да го сторат тоа бидејќи во моментов, според нив не е потребно.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1