Несреќа на Галичица – Паднале во провалија – еден почина, вториот се бори за живот


Едно од лицата кои денес паднаа во провалија на планината Галичица им подлегнало на повредите. Вториот човек е со тешки повреди и се уште чека евакуација.

galicica1-500Од СВР Охрид во изјава за Курир информираат дека лицата паднале во провалија над селото Трпејца, а нивното спасување дополнително е отежнато од непристапноста на  теренот.

Екипи за спасување на полицијата, противпожарна служба, Црвениот крст, Службата за итна медицинска помош и Центарот за управување со кризи се на терен и во тек е акцијата за извлекување на лицата.

Според првичните сознанија, станува збор за државјани на Албанија за кои се претпоставува дека не биле планинари. Нивниот повик за помош по трагедијата го слушнал човек кој пешачел на планината, по што случајот бил пријавен.

Курир

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1