Одом, кој својата слава ја стекна преку одличните игри во ЛА Лејкерс, очигледно претерал со дрога во бордел во Невада, а според одредени информации, тој со денови се забавувал со присутните девојки.
Една од нив го пронашла во бесвесна состојба. Одом лежел на подот, крварел од носот и имал пена на усните.
Во моментов дише преку апарати, има сериозни оштетувања на бубрезите и белите дробови, а лекарите се уште се борат за неговиот живот.
Тој и во минатото неколку пати беше тема во јавноста поради консумирање на алкохол и дроги, а поради овие зависности се разведе и од Клои Кардашиан, една од сестрите Кардашиан, кои се познати и по своето реално шоу.
Како што пренесуваат медиумите во САД, Клои и Ким Кардашиан, како и Крис Џенер веќе се во болницата покрај Одом.
Во 2011 година, Ламар Одом беше прогласен за најдобар шести играч во НБА – лигата. Тој играше за ЛА клиперс, Мајами, ЛА лејкерс, Далас, а на крајот од кариерата го облече и дресот на Лаборал Куча во Шпанија.