Лекарите со зголемени интервенции – Половина Македонија во жолта алертна фаза


Силното сонце предизвика здравствени проблеми кај многу граѓани.

Само за 5 часа од 9 до 14 екипите од скопската Брзата помош имале 10 интервенции на јавни места. На толку граѓани им се слошило поради топлото време. Пациентите биле на различна возраст од ученици до пензионери.

makedonija karta nevreme

Некои имале висок, други низок притисок, вртоглавица, забрзана работа на срцето…На дел им била укажана лекарска помош на лице место, а неколкумина завршиле во болница.

Со температура над 30-тиот степен денеска е најтоплиот ден оваа година.

УХМР и за утре најави жолта фаза и високи температури. Освен да се избегнува директна изложеност на сонце и да се пијат повеќе течности од министерството за здравство советуваат и да се внимава со храната.

-Поради високите темеператури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, потребно е темелно миење на овошјето и зеленчукот пред нивната употреба, добра термичка подготовка на храната, задолжително чување храна во фрижидер на + 8 степени, како и избегнување консумација на лесно расипливи производи (разни кремови, мајонези, сладолед и сл), изјави д-р Јованка Костовска од министерството за здравство.

Високите температури ја зголемија опасноста и од заразни болести.

Изминатиот период десетици пациенти каснати од крлежи побарале помош во ургентните центри. Засега не е регистрирано некое посериозно заболување.

Сител.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1