Лекарите во паника алармираат: Вирус е надвор од контрола и се шири неверојатно брзо


Организацијата Лекари без граници (МСФ) објави драматично предупредување дека вирусот Ебола, кој во текот на изминатите неколку месеци е распространет во Западна Африка, тотално е надвор од контрола

ebola“Ние имаме сѐ помалку ресурси да се справиме со заразата, потребни нѝ се повеќе луѓе. Туку што започна вториот бран на епидемијата и што се однесува до нас тука, работата е тотално надвор од контрола”, изјави еден од лидерите на МСФ Bart Janssens, кој раководи со тим од 40 медицински лица во четирите центри распределени по Гвинеја и Сиера Леоне.

“Ситуацијата е навистина многу итна и за решавање е неопходна посветеност и ангажман на политичарите. Инаку, вирусот ќе продолжи да се шири и во повеќе земји”, предупреди Janssens, критикувајќи ја при тоа и Светската здравствена организација (СЗО) заради бавната реакција.

Во СЗО на прозивките на МСФ за сега не реагираат, но пред неколку дена портпаролката на агенцијата на ОН призна дека сегашната ситуација е еден од најголемите предизвици во историјата на борбата со ЕХФ.

Cynthia Goldsmith This colorized transmission electron micrograph (TEM) revealed some of the ultrastructural morphology displayed by an Ebola virus virion. See PHIL 1832 for a black and white version of this image. Where is Ebola virus found in nature?The exact origin, locations, and natural habitat (known as the "natural reservoir") of Ebola virus remain unknown. However, on the basis of available evidence and the nature of similar viruses, researchers believe that the virus is zoonotic (animal-borne) and is normally maintained in an animal host that is native to the African continent. A similar host is probably associated with Ebola-Reston which was isolated from infected cynomolgous monkeys that were imported to the United States and Italy from the Philippines. The virus is not known to be native to other continents, such as North America.Инфекцијата почна во Гвинеја кон крајот на минатата година, а откако се чинеше дека ситуацијата почна да се смирува, вирусот почна нагло да се шири во околните земји. Неодамна, првите случаи биле регистрирани и во милионската Монровија, главниот град на Либерија, на државата во која MSF уште нема воспоставено ниту еден центар за третман на инфицираните.

Најголемиот проблем е фактот дека во оваа област Ебола ја немало, така што луѓето се слабо запознаени со симптомите на инфекцијата и кај докторите често се јавуваат премногу доцна, а ниту сите лекари не препознаваат за што станува збор од прва.

Досега починаа повеќе од 330 луѓе, со што е надмината злогласната епидемија во 1978 година, кога на територијата на денешна Демократска Република Конго, вирусот Ебола уби најмалку 280 луѓе.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1