Лекарите во паника – чекаат вирус кои во наредните 5 години ќе го збрише човештвото (Видео)


Нов вирус кој предизвикува загриженост кај здравствените работници од целиот свет. Симптоми како што се главоболка, висока температура, болки во зглобовите, болки во стомакот и повраќање се случуваат одеднаш, пишува ,,dailymail,,

Како што болеста напредува, пациентите може да развијат големи области опфатени со модринки и може да предизвика неконтролирано крварење. Најмалку 30 проценти од случаите на кримско-конгоанската хеморагична треска се фатални.

Болеста е распространета меѓу домашните и дивите животни во Африка и Азија, но сега почнале да се разболуваат и луѓе во Велика Британија.

Минатиот месец, 38-годишниот Шкот од Глазгов почина откако бил на свадбата на неговиот брат во Авганистан. Тој е првиот кој е потврдена жртва на вирусната болест која ја пренесуваат крлежи.

Но, смртта на неименуваниот Шкот не е прв случај. Всушност, само минатиот месец, 49-годишен маж бил хоспитализиран во Лондон со треска, со останување без здив и тешка кашлица. Сите симптоми укажувале на смртоносниот САРС вирус од кој загинаа речиси илјада луѓе во 2003. година. Сепак, тестовите на крвта наскоро покажале дека тоа не е САРС, туку досега непознат вирус.

За да бидат работите уште полоши, на овој пациент му откажале бубрезите, потенцијално фатална компликација досега невидена во ваков случај. Тој неодамна патувал во Катар, а научниците се прашуваат со што можел таму да се зарази и дали заразил уште некого.

Пациентот е ставен во карантин и е поврзан на апарати за одржување во живот, а примероци од ткивото се итно испратени за анализа.

Резултатите биле зачудувачки. Вирусот припаѓал на истото семејство како САРС, освен со една голема разлика: не потекнува од луѓето, туку од животни, се наоѓаат во некои азиски видови на лилјаци.

Истрагата открила дека претходно во јули, од истиот вирус починал и 60-годишен маж од Саудиска Арабија.

Научниците стравуваат дека ова може да биде нов птичји грип, или дури и шпански грип- најголема пандемија во историјата на светот, при што загинаа помеѓу 50 и 100 милиони луѓе ширум светот во периодот од 1918 година. до 1919. година.

Сите случаи се карактеризираат со истото – вирусот е пренесен од животно на човек.

Еден од водечките британски Виролози Професорот Џон Оксфорд, од Универзитетот на Лондон, кој се смета за водечки светски авторитет за епидемија, предупредува дека човештвото треба да очекува нов пандемија на вирус кој се пренесува преку животно на човекот во следните 5 години, со потенцијално катастрофално последици за човечката раса.

Таквите инфекции, професорот верува, ќе бидат нов сој на вирусoт на Супергрипот кој потекнува од Азија или Африка.

Професорот своите предвидувања ги темели врз основа на истражување на историски примери, како на пример 2003 појава на САРС, свинскиот грип Х1Н1 2009 година, и така натаму.

Згора на тоа, ризикот од заразување со смртоносните болести се зголемува, благодарение на неуморното човеково вмешување во џунглите и тропските шуми, каде што повеќе и почесто за прв пат доаѓаат во контакт со некој непознат вирус убиец кои со милениуми еволуирале и се инкубирани во дивиот свет.

Се чека на одговори од Виролозите

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1