Од Лекарска комора на Македонија информираат дека во текот на минатата година, поднесени се вкупно 48 барања за надзор на стручна работа на здравствени установи и здравствени работници, како и за етичко однесување на – лекарите за вршење на здравствената дејност
Лани имаше и случај каде на старица наместо да и се оперира бубрег и беше оштетен панкреасот.
Дел од лошото искуство на лекарите и пациентите се и значителен број ризични породувања коишто завршија со смртен исход или кај новороденчето или родилката, како и пациенти кои се жалат дека им е оштетен видот или го изгубиле по оперативен зафат при отстранување на перде.
Единствен случај во земјава каде лекар заврши в затвор е велешкиот гинеколог П.А. Судот пресуди една година затвор поради смртта на 26-годишната родилка Б.И., бидејќи лекарот навреме не го спречил крвавењето, по што таа починала.
Маж од Прилеп јаде со цевка оти забарка при вадење заб му ја скршила вилицата и, наместо да му помогне, доказите ги скрила, а на колешката што хируршки интервенирала не ѝ кажала што се случило, пишува Нова Македонија
Во обвинителството има случаи за сторена лекарска грешка, кои обвинителите ги истражуваат и за кои собираат докази. Според судските документи до кои дојде „Нова Македонија“, обвинителството во Скопје и во Прилеп работи два случаи во кои пациенти поради грешка на лекарите што ги лекувале претрпеле ужасни здравствени и психички стресови.
На прилепскиот пациент му била скршена вилица при вадење заб, а пациентка во Скопје го изгубила видот на едното око при рутинска операција на перде, докторката решила да го тргне пердето со фако-апарат за што немала поминато обука. Операцијата поминала и пациентката била испратена дома.
Но лекарката не ѝ кажала дека во текот на операцијата ѝ ја скинала ретината! Пациентката почувствувала тегоби и, наместо да прогледа, таа сѐ повеќе не можела да гледа.
Она што ги поврзува двата случаи се негрижата и обидот лекарите да ги скријат трагите од грешките што ги направиле.
Прилепскиот случај за кој веќе во истрагата се испрашани сведоци-лекари остави маж со деформирано лице.Без да направи рендген-снимка на забот, забарката почнала со клешти да ја трга седумката од горната вилица. Наеднаш нешто не одело како што треба.
Лекарката му ја скршила вилицата на пациентот и го отворила синусот! Настанало обилно крвавење, но наместо да му помогне, таа ги прикрила трагите од своето работење.
Повикала специјалистка по орална хирургија, на која не ѝ кажала што се случило. Хирургот интервенирал за да ја санира повредата.
Во македонската медицинска пракса забележан е случајот “Кметовска”, кога младата
Наташа за време на новогодишна прослава на скопскиот плоштад беше погодена од заскитан куршум. Тројца лекари што ја лекувале не го пронашле зрното што беше причина два дена подоцна таа да почине. Се водеше долг судски процес во кој двајца лекари добија ослободителни пресуди, а едниот условна затворска казна, како и да му исплати отштета на семејството на Кметовска од еден милион денари.
Подетално за овие случаи на –
МАКЕДОСНКИ ЛЕКАРИ Забарка му скршила вилица на пациент, очна лекарка ослепила жена