Целосен дебакл на Дорис Драговиќ: Арената во Белград празна


Како што пишува српски Курир, хрватската пејачак Дорис Драговиќ по 25 годишна пауза на концертот во Белград доживеала вистински дебакал. На концертот немало нити публика нити ВИП личности.

koncert-doris-dragovic-foto-dragan-kadic-1392411564-445361-650x432Пејачката успеа да го привлече вниманието на 1500 луѓе, иако Комбанк Арена собира околу 20 000 луѓе.

Концертот започнал со песната „Марија Магдалена“, а пејачката им се обратила на присутните со зборовите: „Срцето силно ми тропа. Ви благодарам мои најубави пријатели. Среќна сум што се сретнавме на овој убав ден. Ви посакувам доколку се уште не сте, вечерва да се вљубите“.

Според пишувањата на Курир никој од колегите не дошол на концертот на Дорис. Иако кампањата за концертот на Дорис (14 февруари) траеше три месеци , таа успеала да продаде малку повеќе од 1000 карти.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1