Уште една жртва на грипот во Македонија – почина жена од Охрид


Од Клиниката за инфективни болести информираат дека денеска починала 60-годишна пациентка од Охрид, кај која е добиена лабораториска потврда за присуство на инфлуенца А. Ова е петта жртва на грипот сезонава.

infektivnaПациентката пред 10 дена била хоспитализирана на Инфективната клиника со тешка клиничка слика и со претходно хронично оштетување на белите дробови, со масивна бронхопневмонија, апцеси во слезинката и црниот дроб. И покрај спроведената антивирусна терапија и повеќедневните напори на лекарите, пациентката изутрината починала.

На клиниката за инфективни болести во моментот се хоспитализирани 113 пациенти, од кои повеќе од половина се со клиничка слика на грип. Од нив 6 лица се на интензивна нега, од кои тројца се приклучени на механичка вентилација.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1