Три серии на маста „бетрион“ (мупироцин) на компанијата „Плива“ за лекување кожни болести, ќе биде повлечен од продажба поради неисправност, објави Хрватската агенција за лекови и медицински производи (ХАЛМЕД).
ХАЛМЕД додава дека се повлекува серијата „331104“, „332104“, и „131084“ од наведениот лек поради потенцијална пеницилинска контаминација.
Како што се наведува, сомневањата во неисправноста се заснова на можноста од пеницилинска контаминација на активната супстанца (мупироцин) серија „W656993“, која се користела при производството на трите серии.
Повлекувањето се спроведува до ниво на велепродажба, и според податоците со кои располага ХАЛМЕД, наведените серии на лекот повеќе не се достапни во велепродажба.