Лекови најмногу пијат скопјани – Дијазапам еден од најбараните лекови


Лекови на рецепт на товар на Фондот за здравствено осигурување на Македонија во 2015 година подигнале 1,25 милиони осигуреници. Потрошувачката на лекови на рецепт бележи континуиран пораст во изминатите години поради поголемата достапност на здравствената заштита на граѓаните.pill apce

од 14 групи лекови најголема потрошувачка има кај оние за кардиоваскуларен систем, со 9,2 милиони рецепти и зголемена потрошувачка за 9 отсто во 2015 година во однос на 2014 година, како и зголемени финансиски средства за таа намена. Потоа следат лековите за нервниот систем со 3,25 милиони рецепти, што е зголемување за 14 отсто во однос на 2014 година и лековите за респираторен систем со 1,03 милиони рецепти, што е зголемување за 7 отсто во однос на 2014 година.

Потрошувачката на лекови е најголема во скопскиот регион, а најмала во североисточниот. Во југоисточниот регион има незначително намалување на бројот на рецепти. Првите три најпотрошувани лекови по износи се генериките: Atorvastatin – лек за намалување на маснотии во крв, Tamsulosin – лек за простата, Salmeterol + fluticasone – лек за респираторен систем, против астма и ХОББ, а по реализирани рецепти првите три најпотрошувани генерики се: Enalapril – лек за зголемен крвен притисок, Diazepam – лек за нервен систем и Lisinopril – лек за зголемен крвен притисок

Додаде дека во првите десет најпотрошувани лекови влегуваат и лекови за дијабетес, реума, желудник и бактериски инфекции.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1