Лековита вода излечила слеп човек во Франција


francija vodaЕден 74-годишен жител на местото Морто во Дуб, на истокот од Франција, тврди дека ги излекувал очите и повторно прогледал, откако ги измил очите со вода од пештерата во Ремоно, објави францускиот регионален весник „Л’Ест Републикан“,

Како што јави дописникот на МИА од Париз, пред да замина на операција на очите во Париз, Жан Кере-Ремоне ја посетил пештерата-капела во Ремоно, која локалното население го смета за свето, и со тамошната вода си ги измил очите.

voda

– Ништо… Ништо не се случи. Три часа подоцна, кога се вратив дома ми се поврати видот. Можев да читам, искривените линии се исправија. Тоа беше целосно неочекувано. И од тогаш гледам доволно за да можам да читам весник или малите букви на кутиите од лековите, вели тој за весникот „Л’Ест Републикан“.

Лекарот кој требало да го оперира во Париз нема објаснувања за излекувањето и ја откажа операцијата на очите.

Овај настан сепак не е квалификуван како чудотворно лекување. – Потврдените чуда денес се ретки. За тоа е потребно да се изјасни комисија од научници-лаици, соопшти бискупијата во Безансон. 

Повеќе на – БабинЛек.ком

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1