Лековити својства на аронијата


 

Аронијата ја подобрува циркулацијата во организмот, а со тоа ја подобрува снабденоста со крв на виталните ткива и органи.

Ја подобрува прокрвеноста на мозокот, па затоа помага при главоболка и мигрена. Аронијата ја прочистува крвта, го намалува крвниот притисок, нивото на шеќерот во крвта, помага при атеросклероза и воспаление на вените.

Аронијата ја подобрува функцијата на ендокрините жлезди и го регулира излачувањето на хормоните. Особено е добра за штитната жлезда, бидејќи ја подобрува нејзината функција и го регулира излачувањето на нејзините хормони, што помага при болестите на штитната жлезда и гушавоста (струма).

Аронијата е добра и за органите за варење на храната. Ги намалува грчевите и болките во желудникот, го намалува воспалението на слузницата на желудникот, со што помага при лекување на чирот на желудникот и гастритисот. Ги смирува и грчевите и болките во цревата, го намалува воспалението на слузницата на цревата и го запира проливот.

Аронијата ја подобрува работата на црниот дроб и излачувањето на жолчата. Му помага на црниот дроб да ги неутрализира штетните материи. Таа е природен лек при воспаление и други заболувања на црниот дроб, при воспаление на жолчната кеса, жолчни каменчиња и жолтица.
Поради превентивното и лековитото дејство на зрелите плодови на аронијата, руските научници ја прогласиле аронијата за лековита билка.
Сокот и чајот од аронијата се многу лековити и окрепнувачки напитоци кои го зајакнуваат имунитетот и отпорноста на организмот према инфекциите. Поволно делува и при слабокрвност.

Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1