Лековити води во Македонија


Самовилските Води с. Зубовце

Тесен црн пат под кој тече реката Пчиња, а на километар од изворот насекаде има обесени маици, панталони, чорапи, по голите гранки на дрвјата. Од двете страни на црниот угорничав пат што води до мистериозниот кладенец, оставани се пластични чаши, чевли, шишиња и се што им се нашло при рака на луѓето кои го посетиле местото.

voda3Велат, кој ќе се напие и измие од Самовилските Води кај Зубовце ќе оздрави и ќе закрепне. Водата ќе му ја скрши несреќата, оти кладенецот и се околу него имаат некоја виша сила, натприродна моќ. Таа, според легендата, доаѓа од самовилите кои одреден ден во неделата се бањаат во кладенецот кој потсетува на мал базен, вдлабнат во карпа. Па оттаму, кажуваат жителите на Зубовце, изворот бил наречен Самовилски Води. Некои парчиња од закачената облека се стари и по неколку години. Тие се излитени и искинати. Се гледа дека некои биле обесени на гранките пред само неколку дена. Нема грмушка или дрво на која не висат партали.

Според верувањето, облеката или некои други предмети луѓето ги оставаат таму за здравје и среќа кога доаѓаат да се напијат или да се измијат со водата. Ништо не се променило од минатото. Како што било и пред пет века така е и сега, од човек на човек се пренесува аберот за лековитоста на водата.

Таму ноќта меѓу четврток и петок се миеле самовилите, па затоа водата во изворот била најлековита пред изгрејсонце во петок. Покрај тоа што се мијат и ја пијат водата, луѓето оставаат и нешто бакшиш или облека. Според верувањето, кога ќе се соблечат да го измијат болниот дел од телото, старите алишта ги оставаат засекогаш таму и си облекуваат нови.

Мештаните од селото, кое е само на еден километар од изворт, со стравопочит раскажуваат за многу необични случки поврзани со Самовилските Води. Пред неколку години, еден вторник на изворот дошла некоја жена. Било ноќ и таа сакала да си наполни вода. Одеднаш нешто силно ја повлекло и ја потопувало во водата, па ја вадело надвор, се така неколкупати. Тогаш силно ја фрлило дури горе на патот. Жената, иако не видела никого, сепак слушнала глас: “Во вторник не се доаѓа тука”, и рекло привидението.

151681_bgizvor-sveta-petka001-foto-emil-conkic252_hsДо калденецот, пред околу година и пол, од камен била изградена и малечка куќичка. Во неа се чуваат еден куп лејки во кои им се става водата на луѓето што дошле да го бараат лекот. На неа има закачено табли на кои пишува – Водата е отворена само во петок и во недела. Само на неколку метри над кладенецот, до едно старо дебело брестово дрво, исто од камен е изграден и олтар. Таму има неколку икони од Богородица, света Петка и од света Недела. Тука луѓето оставаат пари и палат свеќи.

Пред година и пол мештаните од Зубовеце го оградиле изворот, а биле цементринани и скали кои водат до него. За да се стигне до Самовилски Води не е тешко. Треба само да се следат патоказите кои се поставени на патот меѓу Куманово и Свети Николе. На десетина километри од Куманово, од левата страна на патот има жолта ознака на која пишува Самовилски Води, Зубовце. Тука започнува црниот пат кој води до светото место.

Од Битола колку еден саат на зајдисонце ет ќиселата вода и стребрената, помеѓу селата Букоо и Крстоор.

voda1Изворот од ќиселата вода е покриен со плочи и имаат дупќи во плочите, од кај што леат вода тие што одат да пијат. Чудна е вистина киселата вода од Битола, чунќи многу народ што пиле нашле сељамет од неа. Во целото лето одаат Битолчани тамо: болни и неолни, за да се лекујат: од маја коа ќе заодат да дури е времето топло се одат луѓето. Не само болни одат ами и здрави. Ако пиеш од киселата вода малку не сеќаш нешто, ама ако пиеш многу, ќе те сурдиса понадвор и ќе те очисти од секаков мараз што би имал.

Секој што ќе одел да пиет од киселата вода, се ќе остаел една пара стара и нишан од алиштата за здравје да му даит водата. Кајшто истечуа киселата вода по браздата сета земја е вапсана со една боја жолто-црвена.

Стребрената вода.

Стребрената вода ет далеку од киселта колку педесет чекори. Таја ет заѕидана со еден ѕид наоколу изворот. За еден камен воденичќи има да мелит водата што извират. Нема во целата Битола послатка од таа вода. И кај неа одат луѓе и се мијат за од секакви болести, а најповеќе од очи болење. И тамо оставаат стара пара и нишан. Близу ди стребрената вода имат еден темел од стара јапиа, се од тула и оросан, се велит оти таја бина била како за тарапаана, чунќи околу стребрената вода имало едно место копано како за руда стребрена да се вадела.

Близу до црквата Свети Недела под г. Битола на десната страна на Света Недела имат еден извор со петочна вода. Во петок одаат Битолчаните и се мијат трескаи кај што сет. Ќе наполнит болниот едно барде вода од изворот и ќе се измиет со таа вода, после ќе го окршит бардачето, та ќе си ојт болнио.

6265717615_4266e7cf12До град Битола близу до астаането (или над астаането) имат една вода во местото што се викат Стрчин. Кај таа вода одат Битолчани, кој се трескаи, та се мијат за здравје и едни оздравуаат.

Секој што ќе се измие прво ќе си остаи една стара пара, нишан од алиштето и троа леп, та после ќе се измиет.
Навистина треба човек да се чуди со тоа место во градо Битола или стара Битола покрај Букоо и Крстоар по тие чудесни изурнати стари јапии.

Пред годиње имаше у нас еден еќим што го викаа Џаванаќија, тогај видовме рисјанин да води две жени, кокони, мислам оти тој ќе беше Немец. Џиванаќиа копа во Прилеп на некој места да бара азно, според како мислевме ние тогај у нас ништо не најде. Од кај нас отиде во Битола и тамо копал во букоското, тамо нашол некој антиќи од камен.

Освен тој мнозина Френци и Немци ошле во тоа место букоското и копале по лозјата та нашле луѓе од мермер делкани: мажи, жени и деца. Едни од нив си и зеле, а пак едни и остаиле со изим од правотелството, турцко.

Неделска вода лекоита

Близу до селото Заград, до полите на планината на манастиро Трескаец, има една вода неделска лекоита. На неделска вода одат трескаи луѓе, во недела пред сонце. И тамо оставаат пара нишан од алишта и едно парче леб.

voda2Во 1870 година го тресе син ми Спасета околу една година време и со два екима го лекуав и не могоа да му ја оздрават, чунки никако не му престануаше огно, та да има време да му дајш сулфато. Една ноќ је се сонуа на жена ми неделската вода: тамо да го однеси Спасета, да го измие од неделската вода, ќе ни оздравел Спасе. Рано во недела го тоари жената ми на едно магаре и го однесе тамо, та го изми со неделската вода и си го донесе дома. Коа си дојдов од црква, та го најдов кај лежи под трем. Го открив да го видам во лицето, чунки спиеше и му видов пот на челото као роса. Од тој саат го остаи треската.

И од таа вода мнозина оздравуваат од секакви болести.*

*Друга неделска вода

Во саракинските лозја има една вода лекоита и тамо одат во недела болни и неолни да се мојат и да оздравејат. И тамо одат пред сонце да се мијат. На таа страна има и една стредочна вода лекоита. Тамо одат во стреда да се мијат.

Петочна вода лекоита

Петочната вода јет во реката Дабничица, до воденицата Карабдалица. При тој извор одат да се мијат од секакви болести. Коа бев дете ме тресеше едно лето и ме однесе мајка ми во еден петок и ме изми за здравје. Ете, ич не паметуам, али оздравев али не. Само паметуав коа одев при изворо да си и збирам дробните пари што жи фрлаа болните да си купат здравје и си купуав аливичка.

По време тој извор го напраи чешма Димо Чуле бавчанџијата и при се што се напраи чешма, пак болни одат да се мијат.

151680_bghajducka-cesma-foto-milan-ilic_fВода лекоита чурлин

До селото (во синоро) Чудакоо има една вода лекоита што се вика Чурлин. Кај таа вода одат вечерта спроти Ѓурѓовден та да се измијат болните пред сонце. Како што одат и на Дуо Вода и по друзи многу води по прилепцкио синор.

Вода лекоита на руса среда до селото Ореоец

До селото Ореоец има една вода лекоита; кај таа вода одат болни и неолни да се мијат и да се лекуаат на Руса стреда (на Преполовение) од многу села што се наоколу Ореовец и од подалеку одат.

Коа одат селаните по крсти, по поле, на некој сведен, ќе крштеваат вода и од таа вода селаните земаат и ја чуаат за да си попрскуаат: трлото, гоедарникот, улјарникот, за да не се урочуа и да му се множат улиштата.

151680_bghajducka-cesma-foto-milan-ilic_f

Вода лекоита кај Стрчин

Во град Битола близу до астаането (или над астаането) имат една вода во местото што се викат Стрчин. Кај таа вода одат Битолчани кои се стрескаи, та се мијат за здравје и едни оздравуваат. Секој што ќе се измзие, прво ќе си остаи: една стара пара, нишан од алиштата и троа леб, та после ќе се измиет.

Чешмата кајгаз, вода лековита

Во град Битола во Арнаут-маало имат една чешма што се вика Кајгаз. Таа чешма е именувана на светците: Кузман и Дамјан (свети бесребреници, по битолцки (ајии анарјири). Во тој ден одат попои и крштеваат вода. На таа вода наречена Кајгаазтос, одат селаните болни и неолни за да се мијат за да оздрават. Целио ден одат и се мијат болни; едни одат, други идат, санки како на манастир одат, таков калабалок е тамо дента. И тамо оставаат нишани од слишта и пари фрлаат во водата

Записи на Марко Цепенков / пренесено од kralemarko.org.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1