Леопард повредил шест луѓе, откако влегол во едно осново училиште во индискиот град Бангалор. Повредени биле вработени во училиштето и за среќа за време, на инцидентот немало настава и деца не се повредени.
Меѓу повредените се и двајца ветеринари и еден телевизиски снимател, кој дошол да го сними животното, кое било забележано на безбедносните камери.
Ловот по агресивниот леопард траел цели 10 часа, а видео снимките покажуваат и како дивата мачка се бори со еден од вработени покрај училишниот базен.