Лепа Брена ќе ги донира своите органи


Месец октомври е посветен на донирањето органи, па така познатата српска пејачка Лепа Брена веќе следниот месец планира да стане сопственичка на донорска картичка.brena-500

Таа изјавила дека планира да се приклучи на акцијата, бидејќи знае дека така ќе ја крене свеста и ќе предизвика позитивен став кај јавноста.

Пејачката на оваа тема веќе зборувала со докторите и со пријателите, па прашање на време е кога ќе го стави својот потпис на картичката.

-Таа сака да им помогне на луѓето кои се во критична состојба. Не сака од тоа да прави лична промоција, изјави извор близок до пејачката.

– Сакам тоа да го направам! За мене донирањето на органи е нормална работа. Го сакам тоа што новата технологија може да го поедностави животот. Во тоа спаѓа и донирањето на органите. На тој начин може да се спаси и нечиј живот. Има ли нешто поважно од тоа? – рекла Брена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1