Лепа Лукиќ за првпат проговори за својот порок коцкањето!


Српската пејачка Лепа Лукиќ освен за добра песна, синоним е и за коцка. Таа од време навреме сака со коцкање во некое белградско казино да побегне од реалноста.lepa.jpg500

Таа никогаш не говори на темата, а самиот збор „коцкање“ во интервјуата ја побеснува, сепак сите знаат дека влегува во листата на најпорочни српски ѕвезди.

Во шоуто „Парови“ пејачката и модел Ружица Вељковиќ ја праша Лепа дали сака да се коцка и колку заработува од тоа. На изненадување на сите пејачката отворено проговори:

Точно е дека се коцкам, што има лошо во тоа? Јас заработувам пари пеејќи и имам право да ги трошам на што сакам. Што се однесува до коцкањето, понекогаш има добивка, но не водам евиденција. Некогаш добивам, а некогаш губам. Нема ништо лошо во тоа. Пороци немам, не пушам, не пијам, па мора да имам некој филтер. Коцкањето не е порок, тоа е доблест, изјави Лепа и ги остави присутните во шок.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1