Лепавцов: Нема повредени и загинати македонски дипломати, се чека информација од белгиското МВР за македонските граѓани


Нема повредени и загинати македонски дипломати во денешните симултани терористички напади на Националниот аеродром Завентем во Брисел, како и во бриселското метро на станицата Малбек, соопшти во изјава за МИА Андреј Лепавцов, амбасадор во Постојаната мисија на Република Македонија при Европската унија.1brisel-aerodrom

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Лепавцов потврди дека македонската амбасада и Постојаната мисија при ЕУ денеска продолжуваат со работа и покрај рестрикциите во европската област во Брисел каде што на стотина метри од македонските дипломатски претставништва беше извршен бомбашкиот напад во метрото.

Сепак, за информацијата дали има загинати или повредени македонски граѓани во терористичкиот напад, амбасадорот Лепавцов истакна дека се очекува официјална информација од органите на Кралството Белгија.

– Сите македонски дипломати се безбедни и нема повредени и загинати. Нашите дипоматски претставништва продолжуваат со редовна работа, а од белгиските официјални органи очекуваме информација за тоа дали меѓу повредените и загинатите има македонски граѓани, ни изјави македонскиот амбасадор Андреј Лепавцов.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1