Сигурно сте се прашувале дали ќе доживеете длабока старост. Со помош на едноставни вежби можете да „проверите“ колку ќе биде долг вашиот животен век. Новата студија покажала дека едноставни секојдневно работи како кревање на столот или стоење на една нога можат да помогнат кај „предвидувањето“ кој од средовечните луѓе има најголеми шанси да умре рано.
Мажите кои на возраст од 53 години можат да балансираат на една нога подолго од 10 секунди и да станат и да седнат на столот повеќе од 37 пати во минута имаат најмали шанси да умрат на прерана возраст, тврдат истржаувачите.
Жените во истата таа доба кои можат да станат и да седнат повеќе од 35 пати во минута и да стојат на една нога подолго од 10 секунди исто така имаат најнизок ризик во споредба со оние кои тоа не се во состојба да го направат.
Студијата опфатила 1.335 мажи и 1.411 жени на возраст од 53 години, чија физичка издржливост ја тестирале. Оние кои не можеле успешно да ја извршат задачата, се предвидува дека најверојтно ќе умрат во наредните 13 години.
Секојдневните задачи како станување од стол без помош и порано се користеле како ран знак за предупредување на лошо здравје во подоцнежната животна доба, но новата студија покажува дека тие можат да се употребат за да се предвидат здравствените проблеми кај луѓето кои имаат околу 53 години.
Постои надеж дека со помош на оваа студија лекарите би можеле да развијат тест со кој би одредиле кои луѓе треба да направат големи промени во стилот на животот за да останат здрави во постарата животна доба.