За тестот ќе ви треба голема капка од медот кој сакате да го проверите, како и парче тоалетна хартија. Само ставете дел од медот (не е потребно да е повеќе од 1 кафена лажичка) на хартијата.
Почекајте така од 10 до 30 минути и набљудувајте го ефектот.
Ако околу капката мед започне да се формира влажна лента, значи тој не е апсолутно природен. Во него има шеќер, гликоза или други адитиви кои се испуштаат вода. Влажната трага станува видлива со голо око.
Од друга страна, ако медот остане недопрен и околу него не се гледа влажна лента, колку и време да стои на хартија, значи на трпезата имате чист природен мед.