Летаат казни од Европа: 40 казни за членките поради односот со мигрантите – Бугарија на листата


Европската комисија соопшти денеска дека отвара 40 казнени процедури против држави од Европската унија поради тоа што не ги примениле правилно заедничките законски прописи поврзани со мигрантите.

migranti-bugarija

Против Бугарија се отворени три процедури, две „официјално информативни писма“ и еден „мотивирачки став“. Трите процедури се поврзани со недостиг на податоци дали Бугарија соодветно ги применува законите на ЕУ.

Во појаснувањето се наведува дека Бугарија не соопштила какви национални мерки презела за да ја примени директивата од 2011 година, со која се определуваат минималните стандарди за давањето заштита на граѓани надвор од државите на ЕУ или на лица без државјанство.

Бугарија не ја спровела и директивата по процедурите за давање азил. Со оваа директива се утврдуваат правилата за давање и одземање азил и таа е одобрена во 2005 година и во националното законодавство требало да биде воведена до 20 јули.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1