Две девојки се степале вчера пред ресторан во Старата скопска чаршија, јави Либертас, повикувајќи се на свои извори.
Порталот пишува дека девојките се степале поради газдата на познатиот ресторан со кој наводно и двете бил во врска.
„Тепачката велат изворите, се случила околу 23 часот пред затворање на ресторанот во кој вечерале газдата и атрактивна русокоса. Другата девојка откако газдата не и кревал на неговиот мобилен телефон, со такси дошла ненајавено и настанала крвава тепачка.
Летале флаши и мебел, а љубоморната девојка ја скршила и стеклената влезна врата на ресторанот. Во тепачката на девојките кои се кубеле за коси и се тепеле со тупаници се вклучиле и дуќанчиите од соседните дуќани кои се обиделе да ги раздвојат, па повикале и полиција.“ – пишува Либертас