Летото дефинитивно заврши – од четврток нов влажен бран


Иако во претстојниот период нема да биде студено како вчера и денеска, синоптичарите велат дека температурите над 30 степени се зад нас. До крајот на овој месец, но и на почетокот на октомври ќе имаме класична есен.ladno

Температурната разлика од 10-тина степени најтешко им падна на хронично – болните и на луѓето со срцеви проблеми. Кај нив многу често се менува нивото на крвниот притисок и ја дестабилизира работата на срцето. Како последица на тоа тие или колабираат или доживуваат мозочен удар. Овие ниски, налик зимски температури, како што велат од Итната медицинска помош, за среќа не го зголеми бројот на повици, кои како и досега се околу 100-тина за период од 24 часа.

Со редовно земање на препишаната терапија, како и со придржување до препораките на лекарите, од Брзата помош велат дека ниеден граѓанин не би требало да има поголеми здравствени проблеми. Кај секој од нив само е различен периодот на прилагодување на временските промени, кога е и најкревко здравјето.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1