ШВЕРЦЕР НА МИГРАНТИ: Бев хирург, а денес заработувам по 100.000 долари


Абу Махмуд е некогаш хирург, а денес шверцер на бегалци. За само неколку месеци новиот бизнис му донел огромно богатство, какво што не можел да го замисли додека живеел во Алепо, Сирија. Само во текот на овој месец заработил неверојатни 100.000 долари.За транспорт до Грција наплаќа по 1.100 долари од човек, мигрирањето до Германија чини до 2.000 долари, а до Шведска и до Норвешка таксата за шверц достигнува и до три-четири илјади долари, Абу открива во интервју што го објави британски „Телеграф“.imigranti vrakjanje

На бегалците им наплаќа по 1.100 долари од човек, најмалку. Има и рации од страна на полицијата, но митото одлично функционира. Од време на време на главните инспектори им дава по 1.000 долари, за да му дозволат да си го води бизнисот од истанбулското кафуле.

Како што раскажал Махмуд, војната во Сирија го натерала да се занимава со криминална дејност. Кога бунтовниците го зазеле Алепо во 2012 година, Абу почнале да го гонат двете завојувани страни. Режимот на Асад сакал да го уапси бидејќи како лекар им помагал на бунтовниците, а другата страна често го држела на нишан. Тоа било доволна причина за тој да се одлучи да избега од Сирија.Се решил преку Турција да тргне кон Европа со двајца роднини резервирал место на брод. Но, бродот потонал. Како што раскажал, пред свои очи видел како се дават жена и дете, иако се обидувал сè да направи за да ги спаси.

Тогаш решил да им помага на другите да избегаат од Сирија. После неколку почетнички неуспеси, конечно успеал во Турција да создаде мрежа со контакти од шверцери и мигранти кои сакаат да ја напуштат воената зона.-

Севкупно, како што вели, до сега до Италија и до Грција успеал да шверцува повеќе од 8.000 луѓе и тоа без ниту една несреќа на море.

Абу апелира дека бегалците ќе продолжат да доаѓаат и доколку границите на ЕУ останат затворени. Тој вели дека се подготвени, ако треба, и тунели да ископаат под границите.

Тој, сепак, нагласил дека меѓународната заедница треба самата да го организира транспортот на бегалците, за да се воведе ред и да се победи мафијата која го организира шверцот со бегалци.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1