Летувањето на Халкидики во Грција годинава поскапо – воведена нова давачка за туристите


Загадувањето на краците Касандра и Ситонија на Халкидики донесе нова давачка за туристите – еколошка такса која ќе се плаќа во летните месеци.

Наплатна рампа е поставена во близина на туристичкото место Неа Муданија, а наскоро ќе бидат отворени и на алтернативните влезови за Ситонија.

Овој надомест ќе се плаќа во периодот од 1 мај до 1 октомври и тоа по следните основи:

– за мотоцикли – 3 евра

– за патнички автомобили – 5 евра

– за автобуси – 10 евра

– за камиони – 12 евра

Во прилог на ова, исто така ќе има и еколошки данок по лице од 1 евро.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1