Ново истражување носи интересни резултати кои ќе ги израдуваат леваците. Имено, докажано е дека леваците во споредба со оние кои се служат со десна рака, уживаат во подобар секс.
На леваците животот понекогаш им е навистина комплициран, бидејќи светот првенствено е прилагоден за оние кои повеќе ја користат десната рака.
Меѓутоа, леваците во еден сегмент победуваат – во креветот, пишува Time.
Според неодамнешно истражување, леваците се дури 71% од случаите позадоволни од сексот отколку десничарите. Студијата опфатила 10.000 испитаници од кои дури 86% леваци изјавиле дека се исклучително задоволни од својот сексуален живот со споредба со само 15% од десничарите.
Научниците се уште немаат одговор на прашањето зошто леваците се позадоволни со сексот, но се претпоставува дека тие имаат поголема фантазија.