Лежел крвав и се бодрел себе си да издржи уште малку, до болница – убиство ја потресе цела Србија


Српската полиција го уапси 28 годишниот Недељко Ѓуровиќ од Пожаревац , кој во Белград го убил 24 годишниот Милош Милеусниќ.
Убиецот признал дека не го познавал убиениот , туку дека цел ден бил на Фејсбук и на Твитер и сфатил дека има беден живот , па решил некого да убие. Се симнал во зградата каде што живеел и во влезот го начекал Милош и го избодел до смрт со нож.
Момчето било пренесено во болница во тешка состојба , каде набргу починал. Убиецот потекнува од богато семејство , пишуваат српските медиуми, а со години живее во Белград каде родителите му купиле стан.

Безбедносните камери го снимиле како веднаш по убиството најнормално влегува во автобус на градски превоз и се оддалечува од местото, оставајќи го момчето во крв.

Родителите на убиеното момче , доктори од Чачак не можат да поверуваат дека нивниот син , студент на правен факултет , можело да биде убиен поради забава на некој кој немал друга работа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1