Либералната партија се приклучи кон коалицијата на ГРОМ, информираа вчера претседателите Ивон Величковски и Стевчо Јакимовски. Лидерот на ГРОМ, Јакимовски, истакна дека придружувањето на Либералната партија е резултат на претходната соработка и на успехот на претходните локални избори.
– Со оглед на нашата претходна соработка, а и на фактот што моите корени се од Либералната партија, констатирам дека сите со задоволство ја прифатија оваа коалиција – рече Јакимовски.
Претседателот на Либералната партија, Величковски, посочи дека причина за приклучувањето во коалицијата е совпаѓањата на партиските програми и идеологија.
– Имајќи го предвид изборниот модел, како и тоа што нашите програмски заложби се ориентирани кон центарот, сметаме дека на овој начин најдобро ќе придонесеме за соодветна изборна атмосфера и за поширока понуда за граѓаните – истакна Величковски.