Нова трагедија: Пет лица загинаа во потрагата по малезискиот авион (Видео)


Индискиот товарен авион  Ц-130J Херкулес се урна денеска во централната индиска држава Мадја Прадеш, соопшти портпаролот на индиските воздухопловни сили.

avion okeanКако што јавува „Раша тудеј“ овој авион учествувал во потрагата по исчезнатиот малезиски авион MH 370.

Капетанот Џерард Галвеј изјавил дека истрагата за несреќата е во тек, и сеуште се утврдува вкупниот број на жртви.

Индиската телевизија НДТВ пак објави дека загинале пет членови од екипажот.

Оттаму велат дека авионот изведувал рутински лет и полетал од  воздухопловната база во Агра.

Во потрагата по малезискиот авион од летот МH370 се вклучија преку 20 земји, а акцијата во јужниот дел на Индискиот Океан ја води Австралија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1