Lidl ја трга Coca Cola од полиците во Германија


Ланецот маркети Lidl почна да ги трга сите производи на Coca Cola од полиците во Германија, откако се интензивира ценовната војна.

Coca-Cola Post Strong EarningsCoca Cola, Sprite, Fanta и други популарни пијалоци од овој бренд веќе во понеделникот ги немаше на полиците во одделни маркети, пишува Die Welt, пренесува The Local.de.

“Не успеавме да се договориме околу маркетинг стратегијата со Lidl”, потврдил портпаролот на Coca Cola Германија.

Пред да го тргне овој бренд од полиците, Lidl ја намали цената на пакувањето од 1,5 л за 10 центи. Но, Coca Cola не попушти под притисокот на Lidl и одби да ја намали големопродажната цена.

Портпаролот на Lidl за Die Welt изјавил дека нема да коментира за бизнисот со своите добавувачи.

Битката околу цената на Coca Cola е само дел од ценовната војна меѓу германските дисконтни ланци Aldi и Lidl. Минатата недела Aldi ги намали цените на јајцата, инстант кафето и муслите. Пред тоа ги намали цените на месото, путерот и оризот.

Lidl во Германија има 3.300 маркети.

bi.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1